Среда, 28 јануари 2009 год. Уставна сала

за работната посета на г. Кнут Волебек, Висок комесар за национални малцинства, на Република Македонија

18,15-18,55 ч. 
Средба со  членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците



Вторник, 27 јануари 2009

Oд средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со г-ѓа Каролајн Флинт, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, на 27 јануари - денеска, ја прими госпоѓа Каролајн Флинт министер за Европа на Обединетот Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.



19 декември 2008

Официјална посета на Делегација на Големото национално собрание на Република Турција

Делегација  на Големота национално собрание на Република Турција предводена од претседателот господин Ќоксал Топтан од 21 до 23 декември ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Посетата, која е на покана на  претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски е во рамките на високоразвиените односи меѓу двата парламента и редовните средби на највисоко ниво, уште еднаш ги потврдува развиените пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Турција.



15 декември 2008

Средба со претседателот на владата на република Бугарија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски денеска го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, г. Сергеј Станишев, кој е во официјална посета на Република Македонија. На средбата, на која присуствуваа и пратениците Љубисав Иванов-Ѕинго, Христина Рунчева, Цветко Грозданов, претседателот Трајко Вељаноски истакна дека билатералните односи меѓу двете држави имаат тренд на нагорна линија и тоа како на билатерално, така и на мултилатерално поле.

Click