По завршување на 149. седница, започнува 150. седница на
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација (второ читање);
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (второ читање);
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (второ читање);;
5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи (второ читање);
6. Предлог-закон за дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност (второ читање);
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција (второ читање);
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари (второ читање);
5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање);
6. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал.