Четврток, 23 јануари 2014 година, 10.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор, шеф на Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Василе Андоноски;
2. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Кралството Данска, Наим Мемети;
3. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Унгарија, Игор Есмеров.