Вторник, 28 јануари 2014 година, 10.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал (второ читање);
2. Отчетно обраќање на амбасадорот Кире Илиоски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска и Република Финска;
3. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор и шеф на постојаната мисија при меѓународните организации во Виена, Кире Илиоски;
4. Отчетно обраќање на амбасадорот Пајо Авировиќ за вршењето на должноста амбасадор и постојан претставник на Република Македонија во ООН;
5. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Државата Израел, Пајо Авировиќ;
6. Отчетно обраќање на амбасадорот Илија Исајловски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација;
7. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во НР Кина, Илија Исајловски;
8. Отчетно обраќање на амбасадорот Зоран Дабиќ за вршењето на должноста постојан претставник на Република Македонија при меѓународните организации во Виена;
9. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор и шеф на Постојаната мисија на Република Македонија при НАТО во Брисел, Зоран Дабиќ.