По завршување на 143. седница започнува 142. седница на
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНАTA КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај (второ читање);
2. Предлог-закон за вонсудско спогодување (второ читање);
3. Предлог-закон за дополнување на Законот за индустриската сопственост (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за финансиската полиција (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање);
3. Предлог-закон за дополнување на Законот за пригодни ковани пари (второ читање);
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница (второ читање);
5. Предлог-закон за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата (второ читање);
6. Предлог-закон за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните (второ читање);
7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности (прво читање);
8.. Барање за давање на автентично толкување на член 131 ставови 1 и 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, поднесено од пратеникот Сузана Салиу;
9. Предлог-закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓанските и кривичните предмети.