Понеделник, 11 јануари 2010 година, 14,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба (прво читање);
2. Предлог на закон за дополнување на Законот за облигационите односи (прво читање);
3. Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија (второ читање);
4. Предлог на закон за изменување на Законот за личната карта (второ читање);
5. Предлог - закон за правосудниот испит (второ читање);
6. Барање за давање на автентично толкување на член 100 став 2 од Законот за заштита на децата, поднесено од пратеникот Васко Шутаров.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Унгарија за соработка и меѓусебна помош во случај на катастрофи;

2. Предлог-закон за ветеринарно медицински препарати (прво читање);
3. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи - прва фаза (прво читање);
4. Предлог на закон за дополнување на Законот за високото образование (прво читање);
5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност (прво читање).