Понеделник, 9 јануари 2012 година
Официјална посета на претседателот Вељаноски на Република Косово
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на 10 јануари 2012 година, ќе оствари официјална посета на Република Косово.
Во состав на Делегацијата која ќе ја предводи претседателот Вељаноски ќе бидат и пратениците: г. Јани Макрадули, г. Талат Џафери, г-ѓа Светлана Карапетрова и г. Беким Фазлиу, членови на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Република Косово.
За време на посетата, претседателот Вељаноски ќе оствари средба со: претседателот на Собранието на Република Косово, г. Јакуп Красниќи, со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага, како и средба со претседателот на Владата на Република Косово, г. Хашим Тачи.