Вторник, 17 јануари 2012 година, 11,00 часот, Сала 1
Дваесетта седница на Собранието на Република Македонија
(започната на 16.1.2012 година)(прво продолжение)
Дневен ред:
...
10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (прво читање);
11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (прво читање);
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници (прво читање);
13. Предлог на закон за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија (второ читање);
14. Предлог на закон за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија (второ читање);
15. Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (второ читање);
16. Предлог на закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (второ читање);
17. Предлог на закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (второ читање);
18. Дополнет предлог на закон за минимална плата во Република Македонија (второ читање);
19. Дополнет предлог на закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);
20. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи (второ читање);
21. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон (второ читање);
22. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа (второ читање);
23. Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за платниот промет (второ читање);
24. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (второ читање);
25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации (второ читање);
26. Предлог на закон за дополнување на Законот за домување (второ читање);
27. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност (второ читање);
28. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање);
29. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за личната карта (второ читање), поднесен од пратениците Илија Димовски и Илија Китаноски;
30. Предлог на закон за дополнување на Законот за градење (второ читање), поднесен од пратениците Ристо Манчев и Димитар Стевананџија;
31. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј" во Скопје;
32. Барање за давање автентично толкување на член 31 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од пратеникот Газменд Алији;
33. Барање за давање автентично толкување на член 128 став 2 од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Гази Баба.
34. Информација за колапсот на јавното здравство како резултат на политиката на Владите на Никола Груевски во изминатите 6 години, поднесена од пратениците: Радмила Шекеринска-Јанковска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска-Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска-Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац.