Понеделник, 9 јануари 2012 година, 14,00 часот, Сала 4
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Финансискиот инструмент за цивилна заштита и Механизмот за цивилна заштита на Заедницата;
2. Предлог-закон за ратификација на Договор за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија;
3. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина во областа на образованието и науката;
4. Предлог-закон за ратификација на Меморандумот меѓу Советот на министри на Република Албанија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Македонија, Владата на Република Србија, Владата на Република Словенија, Владата на Република Хрватска и Владата на Црна Гора за порамнување на долгот на Република Албанија во врска со порамнување на износите на сметките во рамки на стоковата размена помеѓу Република Албанија и поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија;
5. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Косово за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;
6. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу земјите-членки на здравствена мрежа на Југо-источна Европа за аранжманите на земјата домаќин за седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа на Југо-источна Европа.