Четврток, 12 јануари 2012 година, 10,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАвНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Финансискиот инструмент за цивилна заштита и Механизмот за цивилна заштита на Заедницата,
2. Предлог-закон за ратификација на Договор за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија,
3. Предлог-закон за ратификација на Меморандумот меѓу Советот на министри на Република Албанија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Македонија, Владата на Република Србија, Владата на Република Словенија, Владата на Република Хрватска и Владата на Црна Гора за порамнување на долгот на Република Албанија во врска со порамнување на износите на сметките во рамки на стоковата размена помеѓу Република Албанија и поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
4. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Косово за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал,
5. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина во областа на образованието и науката,
6. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу земјите членки на здравствена мрежа на Југо-источна Европа за аранжманите на земјата домаќин за седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа на Југо-источна Европа,
7. Предлог-закон за изменување и допoлнување на Законот за државните службеници (прво читање);
8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници (прво читање);
9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија (прво читање);
10. Предлог закон за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција (прво читање), поднесен од пратеникот Павле Трајанов, (МАТЕРИЈАЛОТ Е ПОВЛЕЧЕН)
11. Предлог-закон за прогласување на локалитетот “Езерани” на Преспанско Езеро за парк на природата (прво читање);
12. Предлог-закон за дополнување на Законот за воздухопловство (прво читање);
13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (прво читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Барање за давање на автентично толкување на член 132 од Законот за авторското право и сродните права,
поднесено од пратеникот Димитар Стевананџија