Среда, 11 јануари 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големото национално собрание на Република Турција

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на денешната средба со Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство, го истакна континуитетот на високо развиените односи меѓу двете држави, како во сферата на политичките односи, така и на полето на економската соработка
Прочитај повеќе
Вторник, 10 јануари 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Република Косово, г. Хашим Тачи

„Како одговорни политичари кои сме на чело на конкретни институции, мораме во рамките на нашите надлежности да создаваме услови за натамошен развој на економската соработка. Верувам дека бизнис заедницата и на Република Македонија и на Република Косово од нас тоа го очекуваат, бидејќи досегашното искуство покажува дека за ова има голем интерес. Во тие рамки таа соработка треба да добива нови и повисоки форми, а и да ги опфати сите сфери од енергетиката, инфраструктурата, туризмот“, рече претседателот Вељаноски
Прочитај повеќе
Вторник, 10 јануари 2012 година
претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага

Претседателот Вељаноски особено го истакна позитивниот тренд во билатералните односи меѓу двете држави во сите сфери. Во тие рамки е и денешната посета на Делегацијата на Македонското собрание и разговорите со колегите од Косовскиот парламент, која ќе даде импулс за натамошен развој на односите меѓу двете држави
Прочитај повеќе
Вторник, 10 јануари 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Косово, г. Јакуп Красниќи

Имајќи предвид дека ова е прва средба на ниво на претседатели на парламенти, претседателот Вељаноски истакна дека таа ќе даде позитивен импулс во натамошниот развој на целокупните односи, посебно на соработката помеѓу двата парламенти. Македонското собрание е подготвено со своите колеги од Косовското собрание да ги сподели сите искуства како во процесот на евроинтеграциите, така и на градење на ефикасни и функционални институции
Прочитај повеќе