Понеделник, 28 јануари 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими претседателот на Владата на Република Србија, г. Ивица Дачиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на денешната средба ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави и народи, кои се карактеризираат со добрососедство, безбедност и стабилност на билатерален, регионален и мултилатерален план со висок степен на доверба и отсуство на отворени и спорни прашања. На средбата посебно акцент беше ставен на заедничката иднина во рамките на процесот на интеграција во Европската унија, при што беше искажана подготвеноста од Собранието на Република Македонија за споделување на сите искуства



Вторник, 15 јануари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Стефано Санино

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, г. Стефано Санино, со немилите случувања на 24 декември 2012 година, како и со фактите, околностите и настаните кои претходеа на овие настани



Вторник, 15 јануари 2013 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПРАТЕНИЦИ ОД ГРУПАТА ЗА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА ИНДОНЕЗИЈА

На почетокот на средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го поздрави досегашниот развој на пријателски односи меѓу двете држави, при што искажа и уверување дека во иднина тие ќе бележат позитивен развој и зголемена динамика во повеќе области. Претседателот Вељаноски, исто така, истакна дека Република Македонија и Собранието вложуваат напори за воспоставување и развивање на политичкиот дијалог и почести контакти и средби



Петок, 11 јануари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Лук Симпкинс, федерален пратеник на Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, ги истакна своите позитивни впечатоци од  официјалната посета на Австралија. Претседателот Вељаноски истакна дека средбите ќе ги подобрат билатералните односи, како и парламентарната соработка со пријателската Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.

Click