Четврток, 29 јули 2010 година
Одржан Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија

На 27 јули оваа година во Брисел се одржа Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија. Со состанокот претседаваше г.Стивен Ванакере министер за надворешни работи на Кралството Белгија во соработка со комесарот за проширување г.Штефан Фуле. Во составот на делегацијата на Република Македонија предводена од министерот за надворешни работи г. Антонио Милошоски учествуваа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања г.Васко Наумовски и државниот секретар на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор г.Илхам Исмани. На состанокот присуствуваше и Специјалниот претставник и шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г.Ерван Фуере.
Прочитај повеќе
Среда, 28 јули 2010 година
Европската унија ги започна пристапните преговори со Исланд
Во Брисел, на 27 јули 2010 година, се одржа првата меѓувладина конференција за пристапување на Исланд во Европската унија, при што формално се отворија пристапните преговори. Белгиското претседателство со ЕУ ја предаде Европската рамка за преговорите каде се поставени принципите, содржината и постапките врз кои ќе се одвиваат преговорите со Исланд
Прочитај повеќе
Четврток, 22 јули 2010 година
Европски интернет портал e-Justice
Европската унија на 16 јули го промовираше новиот интернет портал е-Justice, преку кој на електронски начин и од едно место се обезбедува пристап до правдата насекаде во Европската унија
Прочитај повеќе
Понеделник, 19 јули 2010
Европската комисија предложи мерки за зголемување на довербата на потрошувачите во финансиските услуги
Европската комисија на 12 јули оваа година предложи пакет на мерки за измена на постојните европски правила, а со цел да се зголеми довербата во финансиските услуги. Мерките се однесуваат на дополнително подобрување на заштитата на корисниците на банкарските сметки, подобрување на заштитата на осигурителните полиси и за инвеститорите во ЕУ
Прочитај повеќе
Среда, 14 јули 2010 година
Позиција на Советот на Европската унија во поглед на продолжувањето на преговорите со Европскиот парламент за финансискиот надзор

Советот на Европската унија на 13 јули оваа година ја утврди својата позиција за продолжување на преговорите со Европскиот парламент, за пакетот на мерки за реформа на Европската рамка за надзор на финансискиот систем.
Прочитај повеќе
Петок, 9 јули 2010 година
Построги правила за емисии од индустриските гасови
Европскиот парламент на 7 јули оваа година ја одобри новата Директива за емисии од индустриските гасови. Целта на директивата е да се подобри заштитата на здравјето и животната средина, воведување на појасни правила и полесна имплементација на регулативата.
Прочитај повеќе
Четврток, 1 јули 2010
Белгиско претседателството со Советот на ЕУ

Од 01 јули до 31 декември 2010 година Белгија го презема претседателството со Европската унија. Ова претставува вистински предизвик, особено поради многуте измени кои произлегуваат од Лисабонскиот договор, кој стапи во сила на 1 декември 2009 година.
Прочитај повеќе