Четврток, 28 јули 2011 година, 14,00 часот, Сала 4
КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА
Предлог на дневен ред:
1.Утврдување Предлог-одлука за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците;
2. Утврдување Предлог-одлука за именување на претседател, потпретседател членови и заменици - членови на Националниот совет за евроинтеграции;
3. Утврдување Предлог-одлука за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија;
4.Утврдување Предлог-одлука за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал;
5.Утврдување Предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
6.Утврдување Предлог-одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
7.Утврдување Предлог-одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ);
8. Утврдување Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северно-атлантската договорна организација (ПС НАТО);
9. Утврдување Предлог-одлука за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави;
10. Разно.