Петок, 29 јули 2011 година, 12,00 часот, Сала 1
СЕДМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Верификација на мандат на пратеници во Собранието на Република Македонија;
2. Именување на заменици на министри во Владата на Република Македонија;
3. Предлог на одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции;
4. Предлог на одлука за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија;
5. Предлог на одлука за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал;
6. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на преседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
7. Предлог на одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
8. Предлог на одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија;
9. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северно - атлантската договорна организација;
10. Предлог на одлука за упатување на јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Советот за радиодифузија, поднесен од пратеникот Илија Димоски;
11. Годишен извештај на Државниот завод за ревизија за 2010 година;
12. Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво за 2010 година;
13. Годишен извештај за работата на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2010 година;
14. Финансиски извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2010 година;
15. Годишен извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2010 година;
16. Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија за 2011 година.