Вторник, 12 јули 2011 година, 11,00 часот, Сала 1
ТРЕТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Верификација на мандат на пратеници во Собранието на Република Македонија;
2. Предлози за избор на потпретседатели на Собранието на Република Македонија;
3. Предлог на одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
4. Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ);
5. Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северно-атлантската договорна организација (ПС НАТО);
6. Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ);
7. Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива (ПД ЦЕИ);
8. Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот).