Четврток, 14 јули 2011 година, 13,00 часот, Сала на Уставна комисија
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за изменување на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка;
2. Предлог на закон за изменување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, по скратена постапка;
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, по скратена постапка;
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка;
5. Предлог-закон за изменување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка;
6. Предлог-закон за дополнување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка;
7. Барање за давање на автентично толкување на член 1 од Законот за Амнестија („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2002), поднесено од пратениците: Талат Џафери, Ермира Мехмети, Реџаил Исмаили, Сузана Салиу, Вјолца Мехмети Нуредини, Арбен Лабеништа, Дешира Имери, Бехиџуедин Шехаби, Ирфан Деари, Рафет Муминовиќ.