Најави



По завршување на 39. седница продолжува
 
ТРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(започната на 23.7.2012 год.) (второ продолжение)

Дневен ред:

...

7. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка (второ читање);

...

17. Дополнет предлог на закон за пензиското и инвалидското осигурување (второ читање);

18. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);

19. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование (второ читање);

20. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование (второ читање);

21. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 1 - делница Куманово-Бељаковце“, по скратена постапка;

22. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот “Модернизација на блок 2 и блок 3 во ТЕ Битола“, кој ќе се склучи меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка;

23. Предлог на закон за издавање на вредносни бонови - ваучери, по скратена постапка;

24. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура (прво читање);

25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (прво читање);

26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад (прво читање);

27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа (прво читање);

28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации (прво читање);

29. Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за обезбедување на средства за финансирање на програмата за изградба на железничката пруга Куманово - Бељаковце - Крива Паланка - Деве Баир (граница со Република Бугарија) во 1994, 1995 и 1996 година (прво читање);

30. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите (прво читање);

31. Предлог на закон за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (прво читање), поднесен од пратениците: Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски, Сафет Бишевац, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски;

32. Предлог на закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање), поднесен од пратеникот Ивон Величковски;

33. Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2011 година;

34. Годишен извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2011 година;

35. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2011 година;

36. Финансиски извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2011 година;

37. Извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2011 година;

38. Годишен извештај за извршените ревизии и за работeњето на Државниот завод за ревизија во 2011 година;

39. Измена и дополнување на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;

40. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации;

...

42. Барање за давање автентично толкување на член 23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Ново Село;

43. Барање за давање автентично толкување на одделни одредби од Законот за градење, поднесено од Советот на општина Делчево;

44. Барање за давање автентично толкување на член 25 точка 9 од Законот за даноците на имот, поднесено од градоначалникот на општина Гостивар.

 

Click