По завршување на 47. седница продолжува 48. седница на
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНАТА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за комунални дејности (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка (второ читање);
3. Предлог на закон за изменување на Законот за судовите (второ читање);
4. Барање за давање автентично толкување на член 71 став 5 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54 од 14.4.2011 година) поднесено од пратениците Тито Петковски, Николче Ацевски и Горан Мисовски;
5. Барање за давање автентично толкување на член 23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти поднесено од градоначалникот на Општина Ново Село Петар Спасов;
6. Барање за давање на автентично толкување на одредби од Законот за градење, поднесено од претседателот на Советот на Општина Делчево Николче Трајановски;
7. Барање за давање на автентично толкување на член 23 став 3 од Законот за договорен залог, поднесено од пратениците Владанка Авировиќ и Надица Танчева-Тулиева.