Среда, 27 јули 2011 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Стефано Санино, Генерален директор на генералниот Директорат за проширување на Европската комисија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со г. Стефано Санино, генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија. По остварената одвоена средба, генералниот директор, г. Санино, заедно со претседателот на Собранието, г. Вељаноски, оствари заедничка среба со потпретседателите на Собранието: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Сузана Салиу и г. Јани Макрадули; со координаторите на пратеничките групи: г-ѓа Силвана Бонева, г. Талат Џафери, г. Игор Ивановски, г. Имер Алиу, г. Горан Мисовски и г. Рејхан Дурмиши; како и со г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања и г. Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика
Прочитај повеќе
Вторник, 26 јули 2011 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Робин Давид Скот, пратеник на Парламентот на Викторија – Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими г. Робин Давид Скот, пратеник на Парламентот на Викторија - Австралија. На средбата присуствуваше и пратеникот во Собранието на Република Македонија, г. Милорад Додевски, избран од изборната единица девет, која ја опфаќа Австралија.
Прочитај повеќе
Петок, 22 јули 2011 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Џон Хајд, пратеник на Парламентот од Западна Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими г. Џон Хајд, пратеник на Парламентот од Западна Австралија. На средбата присуствуваше и пратеникот во Собранието на Република Македонија, г. Милорад Додевски, избран од Изборната единица девет, која ја опфаќа Австралија
Прочитај повеќе