ЕУ вести



Среда, 10 јули 2013 година

Летонија во Еврозоната

Од 1 јануари 2014 година, Летонија ќе стане 18. членка на Еврозоната – одлучи Советот на министри за финансии на Европската унија.

Тоа значи дека оваа балтичка земја, од почетокот на идната година ќе започне да го користи еврото како официјална валута, наместо сегашниот лат.

Со влегувањето во Еврозоната, Летонија очекува економски развој, странски инвестиции, пониски каматни стапки и сл.

Преостанатите 17 земји кои формално ја сочинуваат Еврозоната, односно го користат еврото како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање се: Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Click