Среда, 28 јули 2010 година
ЕУ порача Македонија да продолжи со реформите

На вчерашниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија во Брисел, беа разгледани клучните настани поврзани со исполнувањето на политичките критериуми. Од Република Македонија беше побарано да продолжи со реформите, во однос на подобрување на политичкиот дијалог, професионализација на јавната администрација, независност на судството, борба против корупцијата, подобрување во полето на човекови права и подобрување на бизнис средината
Прочитај повеќе
Вторник, 27 јули 2010 година
Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

Постигнувањата на Република Македонија на патот кон членство во Европската унија, политичките и економските критериуми, спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, финансиската соработка и приспособувањето кон ЕУ законодавството, ќе бидат разгледани на денешниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ
Прочитај повеќе
Вторник, 27 јули 2010 година
Исланд преговара за членство во ЕУ

Денеска започнуваат преговорите за членство на Исланд во Европската унија, кои опфаќаат 30 поглавја. Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера во Брисел дадоа зелено светло за почеток на пристапни преговори со оваа земја, но исто така побараа од официјален Рејкјавик да го реши спорот со Холандија и Велика Британија околу обесштетувањето на нивните штедачи во пропаднатите исландски банки
Прочитај повеќе
Среда, 21 јули 2010 година
ЕУ со заеднички сили во борбата против тероризмот

Заедничка борба против тероризмот на земјите-членки на Европската унија, е целта на Европската комисија во наредниот период. Комисијата смета дека досега не се водело доволно сметка за заштита од тероризмот и затоа потребни се итни мерки.
Прочитај повеќе
Четврток, 1 јули 2010 година
Белгија го презема претседавањето со ЕУ

Од денеска, 1 јули 2010 година, Шпанија официјално ѝ го предава на Белгија ротационото претседателство со Европската унија. Меѓу приоритетите во наредните шест месеци, оваа држава го има и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан
Прочитај повеќе
Четврток, 1 јули 2010 година, Совет на Европа
Стапи на сила Конвенцијата за заштита на децата од сексуална злоупотреба

Денеска стапува на сила Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, која претставува прв меѓународен инструмент за сузбивање на сите форми на сексуалното насилство врз децата, вклучувајќи го и семејното насилство
Прочитај повеќе