Вторник, 31 јули 2012 година

Положување венец свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Јордан Пачков, , г. Оливер Спасовски, г. Реџаил Исмаили, г. Сафет Бишевац и г. Горан Мисовски, ќе положи венец свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце, на 2 август 2012 година, (четврток), во 10,00 часот



Вторник, 31 јули 2012 година

Положување венец свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г-ѓа Силвана Бонева, г. Гордан Георгиев и г-ѓа Ленче Николовска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“ и на споменикот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ, на 2 август 2012 година, (четврток), во 11,00 часот



Вторник, 31 јули 2012 година

Положување венец свежо цвеќе во Крушево

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Владимир Ѓорчев, г. Горан Сугаревски и г. Талат Џафери, ќе положи венци свежо цвеќе во Крушево

Вторник, 24 јули 2012 година
 
Положување венец свежо цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот

По повод одбележувањето на 49 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Собраниска делегација, предводена од г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, на 26 јули 2012 година, (четврток), во 10,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот, на гробиштата Бутел.

Во состав на Делегацијата ќе бидат и пратениците: г. Владимир Ѓорчев, г. Мевмед Џемајловски, г. Горан Мисовски, г-ца Тања Томиќ и г. Неџати Јакупи.






Понеделник, 23 јули 2012 година

Студиска посета на Вашингтон

На покана од Демократското партнерство на Конгресот на САД (HDP), а во соработка со Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународниот републикански институт (IRI), во периодот од 23 до 27 јули 2012 година ќе биде реализирана студиска посета на Вашингтон, САД, наменета за парламентарци од повеќе земји во светот. Од Собранието на Република Македонија на оваа студиска посета ќе учествуваат пратениците: Илија Димовски, Александар Спасеновски, Цветанка Иванова, Ленче Николовска, Марјанчо Николов и Реџаиљ Исмаили



Петок, 6 јули 2012 година

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на состанок на Комисиите за европски прашања

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини од 8 до 9 јули 2012 година, ќе учествува на подготвнителниот состанок на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија - КОСАК



Среда, 4 јули 2012 година

Учество на собраниска делегација на 21. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ во состав: г-ѓа Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата, г. Владимир Ѓорчев и г. Зиадин Села, членови на делегацијата, ќе учествува на 21. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што ќе се одржи од 4 до 9 јули 2012 година во Монако

Click