Најави



Петок, 31 јули 2009 година, 11,00 часот, Сала “Борис Трајковски“

ЈАВНА РАСПРАВА

Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси

Националниот совет за евроинтеграции продолжува со организирање на јавни расправи за законите за кои е неопходна поширока дебата, а која ќе овозможи донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

За таа цел Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси.

Јавната расправа ќе се оджи на 31 јули (петок) 2009 година во Сала “Борис Трајковски“ со почеток во 11,00 часот.

Јавната расправа е отворена за медиуми.

покана          предлог-закон

Click