Вторник, 14 јули 2009 година, 11 часот, Сала “Борис Трајковски“
ЈАВНА РАСПРАВА
Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по работната верзија на Предлог- законот за бесплатна правна помош.
Националниот совет за евроинтеграции продолжува со организирање на јавни расправи за законите за кои е неопходна поширока дебата, а која ќе овозможи донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.
За таа цел Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по работната верзија на предлог- законот за бесплатна правна помош.Јавната расправа ќе се оджи на 14 јули ( вторник) 2009 година во Сала “Борис Трајковски“ со почеток во 11 часот.
Националниот совет за евроинтеграции до крајот на месец јули ќе одржи уште една јавна расправа по работната верзија на Законот за кривична постапка.
Јавната расправа е отворена за медиуми.