Најави



Понеделник, 6 јули 2009 година, 12,00 часот, Сала 4 

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

Предлог на дневен ред:

1. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование (прво читање);

2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (прво читање);

3. Предлог закон за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање);

4. Предлог закон за изменување на Законот за пасиштата (прво читање);

5. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести (прво читање);

6. Предлог закон за употреба на знаковниот јазик (прво читање);

7. Предлог закон за електронско управување (прво читање);

8. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (прво читање).

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

- Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за државни службеници (прво читање).
  

По завршувањето на точките од дневниот ред Комисијата продолжува со работа со следниот предлог на дневен ред:

1. Предлог закон за јавна внатрешна финансиска контрола (второ читање);

2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за банките (второ читање).

Click