Среда, 31 јули 2013 година

Давање свечена изјава пред претседателот Вељаноски

Новоизбраните заменици на народниот правобранител на Република Македонија: г-ѓа Елена Ѓоргоноска-Маневска, г. Насер Весељи, г-ѓа Ирина Стојановска, г. Васил Јовановски, г. Славчо Тимов, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа и г. Даут Селими, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Среда, 17 јули 2013 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор

Претседателот Вељаноски го запозна гостинот со актуелната политичка состојба на Република Македонија, со одржаните локални избори, со покажаната волја на народот на истите и нормализираната состојба по настаните кон крајот на минатата година.



Среда, 10 јули 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими новиот извршен директор на холандска конституенца на Светската банка, г. Франк Химскерк

На средбата двајцата соговорници разменија мислење за повеќе прашања значајни за соработката меѓу Република Македонија и Светската банка. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна гостинот со големиот интерес и оправданоста за соработката со Светската банка, особено од аспект дека се работи за помош која Република Македонија ја добива под многу поволни услови и дека, меѓу останатото и помошта од Светската банка во екот на економска криза овозможи истата да не земе поголем замав во Република Македонија



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ендру Елсбери, пратеник од Викторија, Комонвелт Австралија

Австралискиот пратеник, г. Ендру Елсбери, изрази задоволство од можноста да ја посети Република Македонија, како и од можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Комисијата за европски прашања од Парламентот на Холандија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од посетата на Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Холандија и воедно се заблагодари за поддршката која Република Македонија во континуитет ја добива од пријател како што е Холандија во однос на евроатлантското интегрирање



Петок, 5 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со помошникот на генералниот секретар на НАТО, г. Дирк Бренгелман

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна соговорникот со актуелните политички случувања во Република Македонија, со огромната заинтересираност на граѓаните за членството во НАТО и посветеноста на институциите во остварувањето на тој интерес



Среда, 3 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со министерот за надворешни работи на Република Романија, г. Титус Корлацеан

На средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази благодарност за поддршката која Република Македонија ја добива од Република Романија и го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба во однос на евроатлантското интегрирање на Република Македонија, изразувајќи жалење што Република Македонија повторно не доби датум за отпочнување на преговори со Европската унија

Click