Четврток, 21 јуни 2012 година
Учество на собраниска делегација на Меѓупарламентарна работилница во Бечиќи
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Билјана Казанџиска и г-ѓа Владанка Авировиќ, на 21 и 22 јуни 2012 година, учествуваат на Меѓупарламентарна работилница на тема: „Улогата на парламентите во пристапниот преговарачки процес“, во Бечиќи, Црна Гора, во организација на Парламентот на Црна Гора и на Европскиот парламент.
Поздравно обраќање на работилницата ќе има претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ, како и министерот за надворешни прашања и европски интеграции во Владата на Црна Гора, г. Милан Роќен.
На работилницата учествуваат претставници на парламентите на земјите од Западен Балкан, како и од Европскиот парламент.