Петок, 4 јуни 2010 годинаКонференција „Зелена недела 2010“
На 1 јуни Комесарот за животна средина, г. Јанез Поточник, ја отвори четиридневната конференција насловена како „Зелена недела 2010“, посветена на прашањата од областа на животната средина.
Оваа годишна конференција е десетта по ред и е најголема досега, а оваа година темата е биодиверзитетот, што е согласно Меѓународната година на биодиверзитетот.
„Зелената недела 2010“ се реализира од 1 до 4 јуни, а ќе биде насочена кон моменталната состојба на природата и биодиверзитетот. Ќе бидат понудени потенцијални решенија за одредени алармантни прашања од оваа област. Предвидено е да учествуваат околу 3.800 лица од институциите на ЕУ, бизнис заедницата, невладините организации, јавни личности, како и лица од научната и академската област. „Зелената недела 2010“ нуди можност за размена на искуства и информации меѓу институциите, јавноста и медиумите.
Организатор на оваа манифестација е Генералниот директорат за животна средина при Европската комисија.
Повеќе информации за овој настан на
http://ec.europa.eu/environment/greenweek/.