Среда, 17 јуни 2009 година, Совет на Европа
Конференција за борба против семејното насилство
Министрите за правда од 47 земји-членки на Советот на Европа, на 18 и 19 јуни во Тромзо, Норвешка, ќе одржат конференција на која ќе расправаат за изнаоѓање начини за зајакнување на европското правосудство со цел поефективни дејства против семејното насилство и нарушувањето на мирот, како и поддршка за жените жртви. На конференцијата ќе се одржи и предавање за децата кои се наоѓаат во затвор.
Советот на Европа моментално изработува нова конвенција за спречување и сузбивање на насилството над жените и семејното насилство и санкции за злоставувачите. Оваа конвенција треба да биде готова во 2010 година.
Во текот на конференцијата, земјите-членки на Советот ќе бидат поканети да ја потпишат и Конвенцијата за пристап до официјалните документи, која е усвоена во ноември 2008 година.