Петок, 26 јуни 2009 година, Совет на ЕвропаМеѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура
Денеска се одбележува Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура. Според членот 3 од Европската конвенција за човекови права, „никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување“. Оваа статија е инспирирана во 1987 година како нацрт-план на Европската конвенција за превенција од тортура, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Европскиот комитет за превенција од тортура ги има разработено деталните стандарди за определување на критериумите, според кои третманот на затворениците и условите во затворот треба да бидат рагледувани согласно човековото достоинство.Овој Комитет, составен од експерти од различни професии, е единствената институција во светот која може во било кое време да провери било кој затвор кој се наоѓа во земјите-членки на Советот на Европа.