Среда, 17 јуни 2009 година, Европска комисијаНееднаквост на половите на пазарот на трудот
Рецесијата би можела потешко да ја погоди работата на жените, отколку на мажите. Студијата на Европската унија предупредува на разликите меѓу половите на пазарот на трудот. И во овие времиња, невработеноста и сиромаштијата се позастапени кај жените, отколку кај мажите. Ова е затоа што околу 1/3 жени работат со скусено работно време, вклучувајќи ги тука и привремените договори, што значат несигурно вработување. Извештајот исто така вели дека жените имаат помалку одговорни позиции од мажите и работат помалку исплатливи работи. Економскиот пад веројатно ќе делува повеќе врз женскиот пол, затоа што тој повеќе е вклучен во несигурни работни места.
Европската унија направи чекор напред во последната декада во однос на усвојувањето закони за еднаков третман и воведување мерки за унапредување на жените. Но, останува проблемот со дискриминацијата на работното место. Жените сe уште имаат поголема одговорност за децата од мажите и често мораат да го скусат работното време откако ќе станат мајки. Вооднос на ова прашање, Европската унија предложи промени во постоечките закони со цел да им помогне на родителите да постават рамнотежа меѓу работата и семејството.
Економската криза од април 2008 година затвори повеќе од 4 милиони работни места. Во почетокот жртва на кризата беше, може да се каже, машката индустрија, како финансии, градежништво и производство, но потоа невработеноста се прошири и надвор од овие сектори. Угостителството, кое опфаќа 2/3 од работните места во европската економија, исто така ја намали работната сила. Половина од луѓето вработени во овој сектор се жени, вклучувајќи и повеќе от 60% во малопродажбата.
Извештајот, исто така ги истакна и разликите во платите. Жените во Европската унија за секој одработен час во просек заработуваат 17,4% помалку од мажите. Сепак, бројот на луѓето кои работат се зголемува, а 59% од новите факултетски образовани луѓе се жени.