Среда, 24 јуни 2009 година, Стразбур
Парламентарното собрание на Советот на Европа ја додели наградата за човекови права
Парламентарното собрание на Советот на Европа на летната седница, која се одржува од 22 до 26 јуни во Стразбур, на организацијата „British Irish Rights Watch“ ѝ ја додели годишната награда за делување во одбрана на човековите права во граѓанското општество.
- Вашата организација им дава значење на човековите права во време и во земја која се соочува со тероризмот. Тоа покажува дека нема контрадикција меѓу потребата да се искорени тероризмот и почитувањето на човековите права. Напротив, тоа е точно во такво тешко време кога постои потреба да се поддржат човековите права со обновена сила. Самата смисла на целосното делување на вашата организација е добар пример за успешна историја во искоренувањето на неказнивоста, изјави претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Луис Марија де Пуч.
За ова прво издание на доделување награда за човекови права беа номинирани четиринаесет заслужени граѓани и организации.
Експертската група за доделување на наградата вклучуваше тројца членови на Собранието: претседателите на Комисијата за правни прашања и човекови права и на Комитетот за набљудување, самиот претседател Луис Марија де Пуч, како и четири независни експерти.