Четврток, 25 јуни 2009 година, Европска комисија
План за подобра заштита од развиениот тероризам
Европската унија претстави план за превентивно делување против зголемената опасност од терористички напади со хемиско, биолошко и нуклеарно оружје. Досега при повеќето терористички напади ширум светот беа користени експлозиви и оружје, но новите разузнавачки податоци покажуваат дека терористичките групи сакаат да користат ново оружје кое предизвикува поголема штета. Опасноста од терористички напади се зголемува заедно со напредокот на оружените технологии и зголемената законска употреба на хемиски, биолошки и нуклеарни материјали.
На основа на препораките на експертската група на Европската унија, новиот тригодишен план вклучува над 130 мерки за спречување опасните материјали да стигнат во погрешни раце и за подготвеност доколку тоа сепак се случи.
Конкретно, планот бара подобрување на детекторските системи во Европа и нови инструменти за спасување живот и ограничување на штетите во случај на напад.
Европската комисија предлага да се искористат 100 милиони евра од постоечките средства за да се плати реализирањето на планот во периодот од 2010 до 2013 година.