ЕУ вести



Среда, 3 јуни 2009 година

Сè е подготвено за старт на европските избори

Избирачи од 27 држави од 4 до 7 јуни ќе гласаат на најголемите повеќенационални избори - европските избори. Речиси 375 милиони Европејци се повикани да ги изберат европратениците кои ќе ги коваат европските закони во наредните пет години.

Иако Европејците гласаат за општ Европски парламент, самите избори се организират од одделните земји-членки. Членовите на Европарламентот се избираат за период од пет години, колку што трае еден парламентарен мандат. Од првите избори на Европскиот парламент во 1979 година, во овие 30 години се реализирани шест мандати, а седмиот ќе трае до 2014 година. 

На 4 јуни своето право на глас ќе го искористат избирачите од Холандија и Велика Британија, а ден подоцна ќе се гласа во Чешка и Ирска. За време на првиот ден од викендот ќе се одржат избори во Кипар, Италија, Словачка, Летонија и Малта, додека в недела ќе има гласање во Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Првичните резултати од европските избори ќе бидат соопштени на 7 јуни, откако ќе се затворат вратите на избирачките места.

Click