Вторник, 23 јуни 2009 година, Брисел
„Зелена седмица“ за заштита на околината
Од 23 до 26 јуни ќе се одржи таканаречената „Зелена седмица“ под мотото „Да се дејствува и прилагоди“, чија цел е да ги поттикне луѓето да зборуваат за еколошките прашања. Брисел е градот домаќин на конференцијата на која клучна тема ќе биде како до 2050 година да се создаде „carbon-free“ општество и да се заштити околината од климатските промени.
„Зелената седмица“ е најголемата годишна конференција за европски прашања за околината, која на едно место ќе собере претставници од институциите на ЕУ, работни и невладини организации, јавни власти и истражувачи.
Останатите случувања во Брисел ќе бидат отворени за јавноста, а меѓу нив ќе може да се погледне изложба за визијата за урбанистичко планирање и филмот „Возраста на глупоста“ за климатските промени.
На 24 јуни ќе бидат претставени наградите за еколошки проекти, како италијанскиот еко-спреј кој го намалува користењето на хемикалии, енергија и вода во кожната индустрија до 95% и проектот на Велика Британија кој покажува побезбеден начин на третирање на отпадот со рециклирање.