Вторник, 16 јуни 2009 година, Совет на Европа
Зошто Европските семејства го ограничуваат бројот на децата?
Статистиката покажува дека луѓето во Европа кои сакаат да имаат повеќе деца, ја пропуштаат или ја ограничуваат таа желба поради неповолните социјални, економски и други фактори. Министрите задолжени за семејни работи од поголем број земји-членки на Европската унија ќе учествуваат на голема конференција – Јавна политика за поддршка на желбата да се има деца: социјални, економски и приватни фактори, со цел да се испита најдобрата политика за помош на луѓето кои сакаат да имаат деца.
Во Виена, министрите ќе ги оценат и резултатите од анкетите на Советот на Европа кои собираат податоци за семејната политика и од земја на земја доставуваат компаративна анализа и статистика за 40 европски држави, од Летонија и Шпанија до Турција и Швајцарија.
Конференцијата, која ќе ја отворат претседателот на Австрија Хајнц Фишер и заменик-генералниот секретар на Советот за Европа, Мод де Боер-Букичио, ќе вклучува две работни сесии: Зошто многумина Европејци имаат помалку деца отколку што сакаат - социјални и економски фактори и Семејно-пријателска политика: мера за оптимална рамка.
На собирот ќе се одбележат 50 години од овој тип на министерска конференција, која за првпат е одржана во 1959 година, исто така во австриската метропола. Последната конференција се одржа во Лисабон во 2006 година. Советот на Европа има моќ да ја промовира ефективната семејна политика, на основа на принципот човекови права, посебно на детските права и еднаквоста на половите.