Среда, 13 јуни 2012 година, Вашингтон
семинар за „Учеството на жените-лидери во економскиот развој и намалување на сиромаштијата“
Пратеничките Сузана Салиу, Соња Мираковска, Лилјана Поповска и Лилјана Затуровска учествуваа на еднонеделен меѓународен семинар во Вашингтон на тема „Учеството на жените-лидери во економскиот развој и намалување на сиромаштијата“.
Семинарот беше организиран од Партнеството за демократија на Американскиот конгрес, чии претседавачи се Дејвид Драјер и Дејвид Прајс, кои неодамна беа во посета на Република Македонија. Коорганизатори на семинарот беа УСАИД, НДИ и ИРИ.
Во рамките на семинарот, пратеничките се сретнаа со повеќе конгресмени од Демократската и Републиканската партија и се запознаа со работата на женското парламентарно лоби и други форми на организирање на жените во САД.
Македонските парламентарки го промовираа високиот процент на учество на жените во Собранието на Република Македонија со над 30% и најавија активности за економско јакнење на жените во Република Македонија.