Среда, 24 јуни 2009 година
Учество на пратеникот Ристо Пенов на Четвртиот состанок на трите постојани комитети на Парламентарното собрание на Медитеранот
Во заедничка организација на Парламентарното собрание на Медитеранот и Португалскиот парламент, од 24 до 26 јуни 2009 година во Лисабон, Португалската република, ќе се одржи Четвртиот состанок на трите постојани комитети на Парламентарното собрание на Медитеранот
На овој состанок од Собранието на Република Македонија ќе учествува г. Ристо Пенов, заменик-член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот.
На состанокот ќе се разгледуваат и ќе се дебатира по предлозите на резолуциите подготвени според извештаите поднесени од трите постојани комитети на Парламентарното собрание на Медитеранот, а кои се однесуваат на: ситуацијата на Блискиот Исток, организираниот криминал, борбата против тероризмот, дијалогот на културите и религиите во медитеранскиот регион, енергетските прашања во медитеранскиот регион, екологијата и климатските промени, управувањето со водите, справувањето со природните катастрофи, малите и средни претпријатија и за прашањата на рамноправноста на половите.