Четврток, 30 јуни 2011 година

Хрватска ги завршува пристапните преговори со ЕУ

По речиси шест години преговори за членство во Европската унија, денеска на Меѓувладината конференција за пристапување, Хрватска ќе стави крај на овој европски пат, со затворање на последните четири поглавја



Четврток, 30 јуни 2011 година

Европратениците во акција – стоп за корупцијата во спортот

Триста деведесет и девет европратеници потпишаа Декларација, во која бараат поголемо проучување на корупцијата во европскиот спорт, со посебен акцент на врската меѓу организираниот криминал и нелегалните обложувања, спортските агенти, судиите, вработените во клубовите и спортистите



Понеделник, 27 јуни 2011 година

Успешен старт на преговорите за членство на Исланд во ЕУ

На Меѓународната конференција за пристапување, во Брисел, Исланд успешно ги започна преговорите за членство во Европската унија. Беа отворени преговорите по четири од вкупно 35 преговорни глави, а две од нив, веќе се времено затворени



Петок, 24 јуни 2011 година

ЕУ ја отвора вратата за Хрватска

Декларација во која се бара завршување на преговорите за членство на Хрватска во Европската унија до крајот на овој месец, денеска донесоа шефовите на држави и влади на ЕУ на Самитот во Брисел.



Среда, 15 јуни 2011 година

Нова конвенција за заштита на жените жртви на насилство

Парламентарното собрание на Советот на Европа и Организацијата на обединетите нации, заеднички ги повикаа сите 27 земји-членки на Европската унија, како и самата Унија, да се приклучат кон новата револуционерна Конвенција на Советот на Европа против насилството врз жените и домашното насилство



Среда, 8 јуни 2011 година

Европратениците поддржуваат визна либерализација за Бугарија и Романија

Бугарија и Романија ги имаат исполнето техничките и правните критериуми за влез во Шенген-зоната и тоа е процес што повеќе не треба да се одложува, е мислењето на повеќето од европратениците, што беше искажано за време на вчерашната дебата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур



Вторник, 7 јуни 2011 година

Европратениците повикаа на внимателност со бактеријата ешерихија коли

Во текот на денешниот ден на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, европратениците расправаа за опасната бактерија ешерихија коли, и притоа комесарот за здравство, г. Џон Дали, упати апел до земјите-членки на Европската унија да не донесуваат предвремени заклучоци кои не се научно докажани.



Понеделник, 6 јуни 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 6 до 9 јуни, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, покрај останатото, ќе се дискутира за актуелната состојба со опасната бактерија ешерихија коли, како и за тоа дали Бугарија и Романија треба да се вклучат во Шенген-зоната

Click