Вторник, 9 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска го прими претседателот на одборот за европски прашања на Хрватскиот сабор, г. Невен Мимица

На средбата уште еднаш беа потврдени високоразвиените односи меѓу двете држави, а во тие рамки и на двата парламента. Посебно беше потврдена европската ориентација на двете држави, како и улогата на парламентите во процесите на интеграција во ЕУ. Претседателот на Собранието, г. Трајко Веаљаноски  истакна дека во евроатлантските процеси на интеграција посебно место има и регионалната соработка. Потсетувајќи дека еден таков проект беше зачленувањето во НАТО, односно таканаречената Јадранска тројка. За жал, заради апсурдниот спор со името наметнат од нашиот сосед, Македонија не стана членка иако заедно со Хрватска и Албанија ги исполни сите услови. Токму затоа потребно е во тие интегративни процеси доследно да се почитуваат меѓународните принципи и стандарди. Сепак ние остануваме на нашата евроатлантска определба бидејќи реформите кои ги правиме ги правиме за нас, за нашите граѓани,  истакна претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, а очекуваме еропските институции тоа принципиелно да го вреднуваат.



Среда, 10 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, НЕ г.Луис Де Алмеида Сампаио

Претседателот Вељаноски на средбата изрази надеж дека во иднина и Португалија и Македонија ќе отворат свои резидентни амбасади и со тоа ќе се отвори можност за зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји. Претседателот на Собранието го запозна амбасадорот Сампаио со политичката состојба во Република Македонија, потоа за реформите кои ги прави државата по прашањето на интеграцијата во НАТО и во ЕУ, за големата поддршка што Република Македонија ја има од граѓаните за евроатлантските интеграции, како и за очекувањата за визна либерализација и добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Претседателот Вељаноски уште изрази и подготвеност да се интензивира парламентарната соработка помеѓу Македонија и Португалија на сите нивоа.



Четврток, 25 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Словачка Република, г. Мирослав Лајчек

На средбата претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од тоа што Словачката Република своето дипломатско претставништво го подига на ранг на амбасада, со што го покажува позитивниот тренд во билатералните односи помеѓу Република Македонија и Словачката Република, а во тие рамки и соработката на двата парламента. Зборувајќи за нашите стратешки определби, интеграција во евроатлантските структури, претседателот на Собранието, г. Вељаноски, истакна дека Македонија продолжува, по оние познати и непринципиелни настани на Самитот во Букурешт кога не добивме покана за членство во НАТО, активно да учествува во мировните мисии ширум светот, Авганистан, Босна и Херцеговина и други, бидејќи чувствува одговорност за светскиот мир кој е неделива категорија.

Click