Среда, 27 јуни 2012 година
Црна Гора в петок започнува преговори за членство во ЕУ
Советот на министри на Европската унија одобри почеток на преговори за членство на Црна Гора во ЕУ, за време на вчерашниот состанок во Луксембург. Оваа одлука в петок треба да ја потврди Европскиот совет на Самитот на шефови на држави и влади на ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел.
„Советот ја усвои оценката на Комисијата дека Црна Гора постигнала неопходен степен на усогласеност со критериумите за членство“ - се вели во дел од заклучоците на Министерскиот совет на ЕУ.
Министрите ја овластија европската полициска служба - Европол да направи извештај за организираниот криминал во Црна Гора, кој ќе биде вметнат во материјалите на Комисијата за време на процесот на мониторинг.
Инаку, Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во Унијата во декември 2010 година, а Европскиот совет една година подоцна донесе одлука оваа балканска земја да ги започне пристапните преговори за членство во јуни 2012 година, доколку ги исполни поставените услови.
Прочитај повеќе
Вторник, 26 јуни 2012 година
Министерски состанок на ЕУ

Шефовите на дипломатиите на Европската унија, денеска, во Луксембург, ќе одржат состанок, на кој, меѓу другото, ќе се разговара за пристапниот процес за членство на Црна Гора во европското семејство, како и за евроинтеграцијата на Босна и Херцеговина
Прочитај повеќе
Понеделник, 11 јуни 2012 годинаПленарна седница на Европарламентот
Европскиот парламент од 11 до 14 јуни ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која ќе се разговара за економското управување, затегнување на фискалната дисциплина и поттикнување раст. Исто така, ќе стане збор за можни реформи на ЕУ буџетот 2014-2020 година.
Отворањето нови работни места мора да биде приоритет за Европа, се вели во резолуцијата која ќе се гласа в четврток. Истиот ден членовите на Европскиот парламент ќе гласаат и за резолуцијата за отворање на единствен пазар на ЕУ.
Европратениците ќе дебатираат и за актуелните состојби во Авганистан, Блискиот Исток, Тибет и Африка. Парламентот ќе ги повика земјите-членки на Обединетите нации да дадат извештај за сите договори поврзани со трговијата со оружје.
В среда на Европарламентот ќе му се обрати перуанскиот претседател, г. Олианта Хумала, откако претходно ќе се гласа по резолуцијата за трговски договор на ЕУ со Колумбија и Перу.
Прочитај повеќе