Петок, 29 јуни 2012 година
ДОНАЦИЈА НА ОПРЕМА ОД СЕКИНЕСКИОТ НАРОДЕН КОНГРЕС ЗА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседателот Вељаноски истакна дека во последните години односите меѓу двата парламента и двете држави бележат нагорен тренд и дека пратениците од Собранието на Република Македонија со голем интерес ја очекуваат секоја соработка со Секинескиот народен конгрес и доаѓањето на нивните колеги во Република Македонија.
Прочитај повеќе
Четврток, 14 јуни 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Ванг Донгџоу

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на градот Ченгду, провинција Сичуан, г. Ванг Донгџоу.
Прочитај повеќе
Вторник, 12 јуни 2012 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. БИЛ САРАВИНОВСКИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со градоначалникот на Рокдеил, г. Бил Сарвиновски. На средбата г. Саравиновски го запозна претседателот Вељаноски за активностите во општината Рокдеил, која е една од поголемите општини во Сиднеј, Австралија. Се разговараше за раководењето на општината и за работата на Советот на Рокдеил, како и за решавање на проблемите на македонската заедница, но и на другите заедници кои живеат во Рокдеил
Прочитај повеќе
Среда, 6 јуни 2012 година, Словенија
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк

Во разговорот, двајцата соговорници се задржаа на три сегменти кои се од интерес за двете држави, значењето на добрата парламентарна соработка во насока на меѓусебна размена на искуство на сите нивоа, интензивирање на односите и комуникацијата на двете бизнис заедници и изнаоѓање механизам кој би овозможил брзо и лесно надминување на проблемите кои се јавуваат во стопанското делување.
Прочитај повеќе
Вторник, 5 јуни 2012 година, Словенија
Република Македонија има пријател и сојузник во Република Словенија

Дводневната официјална посета на Република Словенија, претседателот Вељаноски ја започна со средба со својот колега, претседателот на Парламентот на Република Словенија, г. Грегор Вирант, а на истата присуствуваа и потпретседателите на Парламентот на Република Словенија и координаторите на пратеничките групи.
Прочитај повеќе