Среда, 27 јуни 2012 година, 10.00 часот, Сала „Борис Трајковски“ Јавна расправа на Националниот совет за евроинтеграции Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, а во насока на донесување на квалитетен закон и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските за членство на Република Македонија во Европската унија.
Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од соодветната област, да земат активно учество во дебатата со цел подобрување на работниот текст на предлог-законот.
Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 27 јуни 2012 година, до 9.00 часот, на e-mail: nsei@sobranie.mk, или на тел. 311 22 55, локал 289.
Јавната расправа е отворена за медиуми.
Документот може да го симнете
ТУКА