Најави
По завршување на 42. седница продолжува 41. седница на
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНАТА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување на Законот за административните такси (второ читање);
3. Предлог-закон за изменување на Законот на даноците на имот (второ читање);
4. Предлог-закон за дополнување на Законот за даночна постапка (второ читање);
5. Предлог-закон за адвокатски маркички (второ читање);
6. Предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стандардизација (прво читање);
2. Предлог на закон за туристички развојни зони (прво читање);
3. Предлог-закон за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (второ читање);
4. Предлог-закон за престанување на важењето на Законот за правата на членовите на семејството чиј хранител е војник на служење на воениот рок (второ читање);
5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство (второ читање);
6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота (второ читање);
7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем (второ читање).