Вторник, 29 јуни 2010 година

Летен универзитет за демократија во Стразбур

Во Стразбур се одржува петтиот Летен универзитет за демократија, којшто годинава е посветен на „Кризата на лидерството" и на кој учествуваат околу 600 студенти од факултети за политички науки од 16 европски држави.

Летниот универзитет има за цел да ја обучи следната генерација на политички, економски, социјални и културни лидери во земјите во транзиција. Тој претставува клучен собир на млади лидери, работници во јавниот сектор на Нова Европа, можност за одржување дебати, размена на идеи и обид да се одговори на актуелните прашања.

„Неопходни ни се политички лидери кои можат да понудат едно мултикултурно општество, кои ќе понудат повеќе од говори на страв и одржување на статус кво. Потребно ни е лидерство кое може да ни понуди доверба во едно либерално-демократско општество базирано на идејата за човекови права, со постојана рационална и критичка дебата“, изјави генералниот секретар на Европскиот совет, г. Торбјорн Јагланд, во своето воведно излагање.

На Летниот универзитет учествува и македонскиот вицепремиер, г. Васко Наумовски.



Петок, 18 јуни 2010 година

ЕУ лидерите ја јакнат буџетската контрола

На вчерашниот самит во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа договор за зголемување на буџетската дисциплина и транспарентноста во работењето на банките за да ја одбранат зоната на еврото, пред сè поради кризата во Шпанија.



Вторник, 15 јуни 2010 година

ЕУ посветена на европерспективата на Западен Балкан

Советот на министри на Европската унија вчеравечер ја потврди „недвосмислената посветеност на ЕУ на европската перспектива на Западен Балкан“, а воедно и ги поздрави напорите кои земјите од овој регион ги преземаат во насока на поскоро спроведување на реформите во клучните области, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал



Четврток, 3 јуни 2010 година

ЕУ со целосна поддршка за Западен Балкан

„Мислам дека денеска во Сараево е склучен нов договор меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. Договор околу иднината, новите надежи, договор за мир и интеграција на што поголем број земји во ЕУ“ – истакна шпанскиот министер за надворешни работи, г. Мигуел Моратинос, на вчерашниот состанокот во Сараево, оценувајќи го како историски

Click