Петок, 14 јуни 2013 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА СОБРАНИЕТО

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на пригодна свеченост им додели благодарници на службениците кои учествуваа во организирањето на Конференцијата на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, која се одржа во Охрид, 27-28 мај 2013 година



Понеделник, 10 јуни 2013 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, Г. ЖАН КЛОД МИЊОН

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство од посетата на Република Македонија и од средбата, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократското општество. Притоа, препораките на Советот на Европа за Република Македонија, секогаш претставуваат израз на поддршката за понатамошен демократски развој и на овие препораки Република Македонија секогаш посветува големо внимание.

Click