ЛДП
![](content/images/pratenici sliki 14-18/Goran-Milevsk.jpg)
Горан Милевски
Член на ЛДП. Роден на 1.11.1978 во Битола. Македонец. Дипломиран економист по меѓународна економија, магистранд по менаџмент бизнис администрација на Економски факултет.
Активности во Собранието:
- Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член
![](content/images/pratenici sliki 14-18/Dufe-Kukoski.jpg)
Дуфе Кукоски
Член на ЛДП. Роден на 1.6.1958 во Вевчани. Македонец. Дипломиран менаџер, Бизнис администрација, Институт за менаџмент - МИМ.
Активности во Собранието:
- Советот на Собранискиот канал, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Законодавно - правна комисија, заменик-член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
![](content/images/pratenici sliki 14-18/Roza-topuzova-karevska.jpg)
Роза Топузова-Каревска
Член на ЛДП. Родена на 26.7.1954 во Прилеп. Македонка. Магистер по археологија, Универзитет во Белград.
Активности во Собранието:
- Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член