Најави



Вторник, 19 мај 2009 година

Јавна расправа по предлог-законот за меѓуопштинска соработка

Националниот совет за евроинтеграции продолжува со организирање на јавни расправи за законите за кои е неопходна поширока дебата, а која ќе овозможи донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

Во таа насока, Националниот совет за евроинтеграции заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа организираат расправа по Предлог-законот за меѓуопштинска сорботка.

Јавната расправа ќе се одржи на 19 мај 2009 година, во 14,30 часот, во сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија.

Јавната расправа ќе биде отворена за медиуми.

Click