Четврток, 17 мај 2012 година, 10,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
Јавна расправа на тема: "Третманот на маргинализираните заедници во јавната комуникација"
- Јавна расправа на Комисија за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија во соработка со Коалицијата " Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници".
10.00 - 11.00 Излагања
- Воведно обраќање, г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- г. Душко Миновски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминција
- тема:Постапување на Комисијата по основ на дискриминација на маргинизираните задници
- г. Славчо Димитров, извршен директор на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
- тема: Презентирање на искуства и сознанија поврзани со говорот на омраза насочен кон маргинализираните заедници“
- прим. Д-р Славица Гајдазис Кнежевиќ, невропсихијатар, субспецијалист по болести на зависност
- тема: Штетните влијанија на говорот на омраза, стигматизирачкиот и дискриминаторски говор врз развојот на личноста кај припадниците на маргинализираните заедници
- проф. Д-р Јован Донев, директор на Институтот Евро-Балкан, Скопје
- тема: Демократското и политичко значење на борбата за правата на маргинализираните заедници
- г. Драшко Костовски, програмски директор на ХЕРА асоцијација за здравствена едукација и истражување
- тема: Потреба од спречување на говорот на омраза насочен кон лицата кои живеат со ХИВ
11.00 – 12.00 Дискусија